Трајковски: Невакцинираните и непрележаните најдобро е да не излегуваат додека бранот не помине

од Берта Китинска
1,5K прегледи

После извесно време, одново се вративме на преку 20 починати дневно (денеска имаше 21). Со доцнење зад бројот на новодијагностицирани, започнува нов нагорен тренд и на бројот на починати (портокаловата линија на првиот дијаграм), анализира проф.Дејан Трајковски во врска со коронавирусот во земјава.

-Исто така, на фазниот портрет H-I (хоспитализирани наспроти активни случаи, кривата одново заврти нагоре и надесно, што значи нов раст на бројот на активни и хоспитализирани. Растот не е многу брз (една точка претставува една недела на овој дијаграм и истите не се многу оддалечени една од друга), но во секој случај се движиме кон нов врв.

Тие што не се вакцинирале и не прележале, најдобро да си купат по една вреќа брашно и грав и да не излегуваат додека ова не помине. При голем број на новозаразени, во воздухот има голема концентрација не само на заразни капки, туку и на аеросоли. Против нив не помага ни одржување растојание во затворени простории – на пример во маркети, а за диско клубови да не зборуваме, така што речиси е невозможно незаштитените да куртулат од заразување од Делта сојот на вирусот, пишува Трајковски.

Слични содржини