Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ за дополнителни политички поени се пожали на социјалните мрежи дека финансиската полиција намерно го вознемирила, излегоа документи со кои се потврдува дека тој не живее во станот каде Финансовата полиција вршела претрес.
Претходно, Управата за финансиска полиција целосно ги демантира и ги отфрли изјавите на пратеникот Јован Јаулески дека претресот е извршен кај него дома или пак кај било кој друг претставник на политичка партија.
Јаулевски обвини дека врз него се врши притисок и му бил извршен претрес во домот, но според документите може да се забележи дека тој престојува во стан, чија кирија од 330 евра месечно, ја плаќа Собранието.
Дополнително, пратеникот Јаулевски иако ја користи можноста да престојува во стан платен со народни пари, тој воедно користи и средства за патни трошоци, бидејќи потекнува од Струга.
– Во рамките на предистражната постапка, а по претходно обезбедени наредби од надлежните судови, во текот на денешниот ден беше извршен претрес кај повеќе физички лица на територија на Град Скопје и Делчево, меѓу кои вработени лица во ЕВН ЕЛЕКТРАНИ ДООЕЛ Скопје и ЕВН МАКЕДОНИЈА АД Скопје, а со цел пронаоѓање на докази во насока на ефикасно водење на предистражната постапка и докажување на основите на сомнение за сторени кривични дела, претходно соопштија од Финасиска полиција.