Пендаровски до Мицкоски: Јас неговите средби со Орбан не сум ги нарекол „ТикТок состаноци“

од Nikola Popovski
411 прегледи

Претседателот Пендаровски никогаш не си дозволил и нема да си дозволи средбите на господинот Мицкоски, на пример, со господинот Орбан да ги нарече ТикТок средби, ниту пак на идентичен начин да ја дисквалификува средбата која пред 10 години со господинот Бајден, тогаш потпретседател на САД, ја имаше неговиот тогашен партиски претседател, Никола Груевски, велат од Кабинетот на претседателот, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја нарече неговата средба со американскиот претседател како „ТикТок средба“.

Станува претседателот, тоа се САД, Унгарија и многу други наши докажани партнери и пријатели од меѓународната заедница со кои сме дел од истата демократска заедница на вредности и затоа треба да покажеме поголема почит кон нивните политички претставници.

Мицкоски на излегување од Собранието пред новинарите изјави дека „Пендаровски како најповикан за безбедноста го нема да бекне и да гукне и кажува како 2-3 минути има тик-ток состанок со господинот Бајден“.

Слични содржини