Бугарски кандидат за претседател: Дојдов во Македонија за да подадам рака и да повикам на разум

од Nikola Popovski
497 прегледи

Кандидатот за претседател во Бугарија, Лозан Панов вечерва изјави дека дошол во посета на Македонија, за да подаде рака да го намали тонот на омраза меѓу двата народи.

-Сакам да повикам на разум и да направам мостови за да водиме нормален дијалог. Сметам дека дијалогот е важен и мораме да покажеме различно лице. Националниот интерес на Бугарија е Македонија да биде дел од ЕУ. Односите меѓу двете земји кога се лоши го дестабилизираат целиот регион, затоа што секогаш во еден спор и двете страни губат. Луѓето кои се уште ја сакаат титово Југославија и живкова Бугарија треба да отстапат од процесот и да дозволат луѓе да не обединат. Тонот на разговор е недоволно сериозен во последните 2 години, рече Панов во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.

Слични содржини