Митревски: Лагите на Николоски за телефоните не поминуваат ниту кај деца од предучилишна возраст

од Nikola Popovski
398 прегледи

Телефоните на пратениците на СДСМ се јавно објавени и достапни на сите граѓани, изјави вечерва координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески за МИА, по изјавата на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Митрески реагира по изјавата на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ дека имало пратеници од СДСМ на кои денеска им биле одземени мобилните телефони.

– Во секое време може да ги побарате, може да ги побараат и од ВМРО-ДПМНЕ, и ќе им одговорат лично на сите прашања. Во целата денешна конструкција очекував да бидат покреативни. Вакви лаги не поминуваат ниту кај децата во предучилишно образование. Исто така, очекував дека денес стоечки ќе го издржат поразот, рече Митрески.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва пред Собранието изјави дека дел од пратениците на СДСМ не можеле да ги користат мобилните телефони и потенцира дека тие треба да го потврдат тоа.

Слични содржини