Реџепи се пријавил во полиција

од Берта Китинска
626 прегледи

Пратеникот Кастриот Реџепи своеволно пристигнал во полиција, информираат од МВР.

-Во врска со вчера (11.11.2021) добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница.

Пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи кој со своето откажување од Иницијативата, го спречи падот на Владата денеска преку Фесјук информира дека сите детали ќе ги открие во понеделник.

-Почитувани пријатели и семејство, без разлика на вашите политички убедувања. Ви благодарам за грижата и поддршката што ми ја давате. Следниве денови ќе имаме можност подиректно да се информираме за се. Во однос на медиумите и интересот ги разбирам и ги информирам дека мојот прв настап ќе биде во понеделник преку прес-конференција. На крајот апелирам до раководството на Движењето БЕСА да не презема забрзани чекори кои ќе им наштетат на нашите структури и активисти. Треба да се постапува внимателно, напиша Реџепи.