Според првичните резултати кои ДИК ги објави половина час по полноќ од гласањето за вториот изборен круг, најмногу гласови добил Хекуран Дука, од ДУИ, подржан од СДСМ и коалцијата.
Дука освои 4.291 глас, односно 49,69 отсто, додека за неговиот противкандидат Беким Поцеста од Алијансата за Албанците/Алтернатива, гласале 4.153 или 48,09 отсто.
ДУИ и нејзиниот кандидат за градоначалник Дука вчера прогласија победа после гласањето во вториот круг од локалните избори.
-Голема победа во Дебар, заслужена и праведна, напиша на фејсбук лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Победата ја честиташе и министерот за економија и член на ДУИ, Крешник Бектеши кој објави фотографија заедно со актуелниот градоначалник и со дел од симпатизерите на партијата.
Дука го победи Беким Поцеста од коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците.