320
На Гинекологија најмалото бебе што досега е родено во 23 гестациска недела. Како што кажа д-р Викторија Јовановска директор на ГАК по повод светскито ден за предвреме родени дечиња во нивната пракса има и помали бебиња според тежина.
-Во моментов на Клиниката за детски болести има бебе кое е родено во 24 недела, а тежи само 480 грама –вели д-р Јовановска.
Таа дополни дека овој ден се одбележува и со цел да се обрне внимание на превентивата на бремените жени, бидејќи, како што кажа, тоа е најважно за да го намалиме процентот на предвремено родени деца.