476 новозаразени со корона во последното деноноќие

од Nikola Popovski
307 прегледи

Министерството за здравство информира  дека во последните 24 часа направени се 3.145 тестирања, а регистрирани се 476 нови случаи на Ковид-19, од: Скопје – 208, Битола – 45, Велес – 29, Прилеп – 22, Куманово – 21, Кавадарци – 18, Охрид, Кочани и Гевгелија по 13, Штип – 11, Делчево – 8, Берово – 7, Струмица, Неготино и Радовиш по 6, Тетово, Свети Николе, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар по 5, Ресен – 4, Гостивар, Кичево, Виница, Валандово и Крушево  по 3, Пробиштип и Пехчево по 2, Струга и Македонска Каменица по 1.

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани сe и 279 оздравени пациенти од Скопје – 137, Куманово – 28, Кавадарци – 26, Битола – 15, Прилеп – 13, Штип – 8, Велес – 7, Кочани – 6, Охрид и Крива Паланка по 5, Тетово и Кратово по 4, Гевгелија и Пробиштип по 3, Струмица, Свети Николе, Демир Хисар, Кичево и Богданци по 2 и по еден оздравен во Делчево, Неготино, Ресен, Македонска Каменица и Дојран.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210.447, бројот на оздравени пациенти е 194.625, на починати е 7.367, а бројот на активни случаи изнесува 8.455.

Слични содржини