356
Во моментов имаме мнозинство во Собранието, потврди координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски во емисијата „24 анализа“.
Според него, пратеникот Реџепи се изјаснил дека останува во мнозинството, а има и други пратеници, со кои се разговара.
-Истите тие и во изминатиот период давале поддршка. Очекувам тие самите да се изјаснат и да излезат во јавноста и да објават. Сега ако имаме седница ќе гласаат 61 пратеник. Потврдувам уште еднаш, категоричен беше Митревски.