Рецепт: Брза пита со спанаќ

од Vladimir Zorba
422 прегледи

Многу вкусна пита која брзо се подготвува.

Состојки:

– 3 јајца

– 220 гр спанаќ

– поголемо стапче праз

– 100 мл млеко

– 100 гр кисела павлака

– 100 гр фета сирење

– 100 гр јогурт

– 100 гр палента

– 50 гр брашно од хељда

– 30 млмасло

Подготовка:

Добро измијте го спанаќот, исушете го и исечете го што поситно.

Додадете ситно сечкан праз и сите останати состојки.

Зачинете по вкус и добро измешајте за да се соедини се фино.

Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Истурете ја смесата со спанаќ во тавата и печете околу 30 минути.

Пријатно!

Слични содржини