Похована тортиља со пилешко и спанаќ

од Stefanija Kuzmanovska
260 прегледи

Состојки:

4 тортиљи
200 гр пилешко филе
200 гр спанаќ
2 чешниња лук
малку ким
чили пиперка
сол и бибер
2 јајца

Подготовка:

Спанаќот сварете го во солена вода и исцедете го. Пилешкото исечкајте го на коцки и пропржете го на малку масло, додајте сечкан лук, ким, чили пипер и малку зачини и на крај додадете го спанаќот.

Потопете ја тортиљата во изматени јајца и пропржете ја во тава со малку масло од двете страни.

Наполнете ја тортиљата со фил од пилешко и спанаќ, завиткајте и послужете топло.

Слични содржини