СДСМ: Телохранителот на Мицкоски на дар добил 40.000 метри квадратни земјиште

од Nikola Popovski
181 прегледи

Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да даде јасен и точен одговор на прашањето: каква е неговата поврзаност со скандалот „криминални парцели“?, повторно побараа утрово од владеачката СДСМ.

Според нив, телохранителот на Христијан Мицкоски, извесен Влатко Илиевски, со еден купопродажен договор продал земјиште од речиси 40.000 метри квадратни во регионот на Делчево во вкупна вредност од 500.000 евра.

-За оваа шема која се случила пред стартот на изборната кампања, предистрага има отворено и надлежна институција.

Сите јавно објавени документи покажуваат вмешаност на лица кои се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Телохранител на Мицкоски, поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Делчево, татко на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во приватни џебови или во Белиот сдворец за што постојат оправдани сомневања? прашуваат од СДСМ.