297
Премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на Алтернатива Африм Гаши, изјави дека во вторник ќе го свика Централниот одбор на СДСМ за да му биде ефектуирана оставката и со тоа да почне постапката за избор на нов претседател на партијата и мандатар на владата.
-На Централниот одбор беше утврдено и јас добив задача да ја одложам оставката за да се продолжат разговорите за да се формира стабилно парламентарно мнозинство, да биде стабилно и да може да расте и јас рабтома на таа тема. Секако дека стојам на мојата јавна објава за поднесување на оставките. Веднаш штом ќе биде осигурано мнозинството и моите оставки ќе бидат доставени до институциите, кажа Заев.