Ја информираме јавноста дека градежната дозвола е целосно усогласена со сите правни нормативи во земјата, а воедно истата е и правосилна, како што е легален и ДУП-от врз основа на кој е издадена, велат инвеститорите од „МГ Фешн“ за зградбата на првиот објект од комплексот „Гранд Скопје“.
Од таму ја замолуват иницијативата „Шанса за Центар“ да не изнесува невистини во јавноста, за целосно легитимна правна постапка.
-Станува збор за постапка која е започната пред многу години и во истата нема никакви правни недоследности.
Потсетуваме дека МГ Фешн правото на сопственост го има стекнато со откуп на приватен имот и дооформување на парцела, односно откуп на државно земјиште од Министерството за транспорт и врски во 2018 година, а за откупот позитивно мислење има издадено и Државното правобранителство. Согласно членот во Законот за урбанистичко планирање на кој се темелеше иницијативата за суспензија на проектот, треба да се докаже несомнена штета по јавниот интерес што е воочена при спроведување на планот и која би се зголемувала со неговото спроведување. Ваква штета не е докажана, а воедно на овој начин одредбите од законот се злоупотребуваат за цели кои се во спротивност со јавниот интерес и правата на граѓаните, додаваат од „МГ Фешн“.
Според нив, Гранд Скопје ќе биде урбан и зелен комплекс со модерни објекти и во интерес на сите граѓани, воедно потсетуваме и дека истиот ќе биде со 40% искористеност од максимално дозволените урбанистички параметри во актуелниот ДУП.
-МГ Фешн, како општествено одговорна компанија, во рамки на овој комплекс предвидува и јавен простор со површина од 7.500м2 како донација кон градот и сите граѓани, а за чие идејно решение ќе биде распишан јавен конкурс во соработка со Општина Центар, стои во реакцијата.
Претходно независните советници од листата „Шанса за Центар“ го обвинија Основното јавно обвинителство за соучесништво и бараат да постапи по претставката на Државната комисија за спречување на копуција за како што велат, нелегалното носење на Деталниот урбанистички план со кој се овозможи изградба на проектот „Гранд“ спроти хотелот „Холидеј Ин“.
„ОЈО седум месеци не постапува по предметот – исто како што премолчено го одобрува и дивото градење кај „Беко“ на очиглед на полициската станица Центар. Јавното обвинителство треба да се бори против криминалот , а не да е негов нем поддржува“, велат од граѓанската иницијатива, додавајќи дека градоначалникот на општина Центар мора да издаде привремена забрана за градење, се додека ОЈО не го расчисти случајот. Воедно тој може да ги врати уплатените комуналии за овој објект на инвеститорот, а кои сѐ уште стојат резервирани на сметка на Општината токму со намена да бидат вратени доколку тоа е потребно“.
Од таму потсетија дека МГ Фешн правото на сопственост го има стекнато со откуп на приватен имот и дооформување на парцела, односно откуп на државно земјиште од Министерството за транспорт и врски во 2018 година, а за откупот позитивно мислење има издадено и Државното правобранителство.
-Согласно членот во Законот за урбанистичко планирање на кој се темелеше иницијативата за суспензија на проектот, треба да се докаже несомнена штета по јавниот интерес што е воочена при спроведување на планот и која би се зголемувала со неговото спроведување, велат од таму и додаваат:
-Кучињата лаат, ДУПот си врви. ОЈО, Владата и општина Центар не преземаат ништо за сопирање на потенцијално нелегалната градба пред Холидеј ин. Јавното обвинителство треба да се бори против криминалот , а не да е негов нем поддржувач.