Уставен суд оформи предмет за ДУП Буњаковец и подрачјето на „Треска“

од Nikola Popovski

Уставен суд оформи предмет по иницијативата на адвокатката Сузана Јошевска и граѓанската иницијатива Шанса за Центар со која го оспоруваме ДУП за Буњаковец во кој спаѓа и подрачјето на „Треска“, соопштија од иницијативата.

Се надеваат на еднакво брзо и ефикасно постапување на судот имајќи предвид што и инвеститорите забрзано се подготвуваат да почнат со градба.

Од „Шанса за Центар“ посочуваат дека градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски веќе потпишал една дозвола, а од медиумските објави се гледа дека и други инвеститори забрзано собираат милионски суми за да почнат со градба на „наполитанките“ кај „Треска“.

Во недостиг на политичка волја да се сопре со спроведувањето на незаконските ДУП-ови кои се косат со Генералниот урбанистички план на Скопје, само судот може да ја врати законитоста во планирањето во Центар. За ф-ка Треска се бореа граѓани, активисти, архитекти и урбанисти, па и политичка воља за промена имаше до 2020 кога се прифати напуштање на решението од ДУП-от и се направи конкурс. Општинската власт под раководство на Герасимовски, неколкумина моќници и спрегата со институциите кои го изгубија своето значење, интегритет и кредибилитет може да му пресудат на последниот поголем простор, и да си ја потврдат својата улога на непријател на граѓаните, стои во соопштението од Иницијативата.

Слични содржини