Бугарија и Република Северна Македонија се заедно во тагата за жртвите од тешката сообраќајна несреќа на автопатот Струма, во која животот го загубија десетици граѓани, а други беа повредени. Ова беше заедничкиот став на претседателот Румен Радев и премиерот на С.Македонија, Зоран Заев, кои денеска остварија средба.
Радев му изразил сочувство на Заев за жртвите во несреќата, а премиерот на земјава му изразил сочувство на шефот на бугарската држава за пожарот вчера во домот за стари лица во селото Ројак, во кој загинаа 9 лица.
„Бугарија презеде навремени активности за расветлување на причините за несреќата, за идентификување на загинатите, за пружање помош и лекување на настраданите, се потпира на поддршката од институциите на С.Македонија и е подготвена да им ги достави сите информации за случајот“, беше истакнато за време на средбата.