Граѓани на Бугарија положуваат цвеќе пред македонската амбасада во Софија

од Nikola Popovski
170 прегледи

Пред македонската амбасада во Софија, граѓани положуваат цвеќе во знак на сочувство за македонските граѓани кои загинаа во трагичната автобуска несреќа, објави БГНЕС.

Луѓето положуваат цвеќе во знак на сочувство за тагата на семејствата на загинатите во несреќата.

Во страшната несреќа на автопатот Струма загинаа 46 македонски туристи, меѓу кои 11 деца. Луѓето се враќаа во Скопје по патувањето во Истанбул.

Според информациите, седум лица преживеале. Сите се вон животна опасност и се сместени во болницата „Пирогов“ во Софија.

Фото: Ладислав Цветков/btv.bg

Слични содржини