Филипче, Бочварски, Османи и Шахпаска се задолжени за враќањето на посмртните останки на загинатите во несреќата

од Nikola Popovski
275 прегледи

На денешната своја седница Владата ја разгледа информацијата за планот за пренесување на повредените лица и на телата на починатите во сообраќајната несреќата во Бугарија за што е формирана работна група предводена од министерот за надворешни работи Бујар Османи, а во која уште членуваат министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за здравство Венко Филипче.

Владата го задолжи Министерството за здравство да обезбеди соодветни амбулантни возила за повредените лица и целосно да ги покрие финансиските потреби за нивниот транспорт во земјата, како и да обезбеди соодветна здравствена нега, без разлика дали повредените лица се осигуреници во Фондот за здравствено осигурување или не.

Министерството за надворешни работи е задолжено да изврши избор на соодветно транспортно претпријатие и во целост да реализира достоен транспорт на посмртните останки на починатите од Република Бугарија до Република Северна Македонија, а средствата за транспортот и погребот во целост да ќе ги покрие Генералниот секретаријат на Владата.

Министерството за внатрешни работи е задолжено да обезбеди непречен премин со полициска придружба од границата со Бугарија до крајните дестинации.

Слични содржини