Денеска изби пожар во стан во населбата Кисела Вода.
Веднаш по информацијата за пожар во стан во населбата Бирарија, градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски пристигна пред зградата каде што се случила несреќата.
Од присутните соседи и од пожарникарите се информираше за повредените лица кои беа евакуирани и пренесени во болница. Се работи за жена кој во била во станот каде што избил пожарот и девојка од станот над неа која вдишала поголема количина на чад.
-Се надевам дека се работи за полесни повреди и дека двете жени брзо ќе се опорават, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.
Додаде дека ако жената во чиј стан настанал пожарот во моментов нема каде да се смести, ќе и биде обезбедено сместување. Воедно, од страна на Општина Кисела Вода ќе и биде доделена еднократна парична помош.
-За жал вакви немили настани се случуваат, но најважно е да нема човечки жртви и штетата да е што помала. А ние, како локална самоуправа сме тука да излеземе како поддршка во овие први моменти, кога е најтешко-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.