Објавил навредливи коментари на Фејсбук за автобуската несреќа, МВР го повика во полициска станица

од Nikola Popovski
276 прегледи

Жител на Скопје бил повикан во полициска станица на информативен разговор поради говор на омраза за автобуската несреќа во која загинаа 45 луѓе.

Според информациите од МВР, В.Е. од Скопје на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил коментар кој содржи елементи на говор на омраза.

„Имено, по добиена пријава за објавен коментар на профил на телевизиска куќа, кој се однесува на трагичната автобуска несреќа во која загинаа 45 државјани на Македонија, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема мерки и активности и го утврди лицето кое стои зад напишаниот коментар со елементи на говор на омраза, а во соработка со полициски службеници од СВР Скопје беше утврдено дека ова лице е со место на живеење на подрачјето на СВР Скопје“, соопшти МВР.

Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика за случајот е испратено известување до Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје, а по целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.