Омикрон, новиот сој на коронавирус, може да се покаже како божиќен подарок, под услов да предизвика поблага клиничка слика, смета германскиот епидемиолог Карл Лаутербах.
Лаутербах, епидемиолог кој се стреми да стане следниот германски министер за здравство, рече дека „според првите достапни податоци, омикрон би можел да биде божиќен подарок што дури може да го забрза крајот на пандемијата“.
„Големиот број мутации може да значи дека вирусот ја оптимизирал својата инфективност и може да биде помалку смртоносен“, вели Лаутербах.
„Ова би било во согласност со начинот на кој се развиваат повеќето респираторни вируси“, додаде тој.
Неговата изјава доаѓа откако јужноафриканските лекари објавија дека овој сој се чини дека предизвикува поблаги симптоми како што се главоболки и замор. Тие наведуваат и дека тој не довел до хоспитализација или смрт.
Научниците претходно предупредија дека е малку веројатно дека коронавирусот некогаш ќе биде искорен, но дека ќе се претвори во поблаг вирус сличен на обичната настинка, пренесува „N1“.