Дефанзивец на Арсенал нападнат во неговиот дом, полицијата го уапси напаѓачот

од Vladimir Zorba
316 прегледи

Младата ѕвезда на Арсенал, дефанзивецот Габриел е нападнат во својот дом.

Инцидентот се случи во август годинава кога Габриел со пријател се враќал дома. Нив ги следеле тројца напаѓачи кои се обиделе да украдат автомобил, часовник и мобилен телефон.

Бразилецот бил во гаражата кога еден од напаѓачите ги побарал клучевите од возилото и му се заканил со бејзбол палка.

Еден од крадците потоа замавнал со палката кон Габриел, но дефанзивецот на Арсенал го удрил во лицето и го соборил на земја.

Напаѓачот побегнал, а капата му паднала. Полицијата го искористи ова за да открие кој е напаѓачот преку ДНК анализа. Станува збор за Абдерахам Музе (26) кој е осуден на пет години затвор. Останатите двајца напаѓачи се уште не се уапсени, јавува „Метро“.

Габриел заработи повреда на коленото во нападот, но сепак забележа 10 настапи во Премиер лигата оваа сезона.

Слични содржини