Докторка од Јужна Африка: Вакцинираните кои се заразени со омикрон немаат компликации

од Nikola Popovski
292 прегледи

Докторка која ги лекува заразените со сојот омикрон во Јужна Африка има охрабрувачки вести.

-Видов вакцинирани луѓе и тие не беа сериозно болни. Сè уште сме на почеток што се однесува до новиот сој, но она што го гледаме засега ни дава надеж, вели д-р Анжелик Кеце.

Таа вели дека засега тоа што кај вакцинираните против корона кои се заразени со новиот сој нема никакви компликации, може да биде ран показател дека вакцините функционираат и на новиот сој.

-Пациентите кои досега биле вакцинирани немаат никакви компликаци“, вели д-р Кеце, претседателка на Лекарската комора на Јужна Африка, во изјава за  Си-Ен-Ен.

Научниците ширум светот се обидуваат да утврдат дали постоечките вакцини штитат и од новиот сој, а засега нема докази дека тоа не е така.

Слични содржини