Оној кандидат кој ќе ја добие довербата од членовите на Социјалдемократскиот сојуз ќе треба да биде и премиер.Стандардна е процедурата ако сте лидер на партијата која е на власт тогаш сте и премиер.Така да членството на СДСМ при гласањето ќе оцени кој од кандидатите ќе може да биде премиер воедно и лидер, вели во изјава за „Локално“, политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.
-Понудата на кандидати е добра. Ковачевски и Деспотовски се веќе 25 години дел од СДСМ, додека Ременски е елоквентна личност, човек којшто она што сака да го каже ќе го каже гласно и искрено, објаснува аналитичарот.
Според него, ако сака СДСМ да ја подобри ситуацијата по „дебакалот“ на локалните избори ќе треба новото мнозинство за кое се преговара да добие добар правец и со својата стабилност да го истурка мандатот до крај.
-Ќе мора да има и внатрешни промени во партијата за да се подобрат перформансите, затоа што граѓаните имаат право да добијат понуда за на идните избори да ги наградат или ако не се направи напредок и промена да ги казнат. Секаде каде што има внатрепартиски избори има и поделеност и кај нас за тоа многу се драматизира. Нема сите гласачи од партијата да гласаат за еден член. Гласовите ќе бидат поделени сигурно, тој што ќе победи ќе треба да ги доближи другите и да направи сплотеност ако тоа не го направи џабе се оди во партиски избори, вели аналитичарот.
За тоа каде погрешија Заев и актуелното раководство и што придонесе за ваквиот пад на партијата, Муслиу посочува дека лошиот резултат е казна за неефикасноста на локалната власт, а оваа загуба според него, Заев не требаше да ја идентификува со парламентарите избори.
– Една Ангела Меркел што беше 16 години на власт па губеше и на локални и на регионални избори и тој резултат не ја приморуваше таа да се повлече од функцијата канцелар. За централните политики власта доби резултат на парламентарните избори и тие беа пред една година значи не се пред три години па драстично нешто да се смени. Во рок на една година се случија и добри и лоши работи. Се случи ветото со Бугарија ама тоа беше пред изборите, да речеме несреќата во Тетово ги казни, ни тоа не ги казни затоа што и двајцата кандидати за градоначалници влегоа во вториот круг и беа дел од централната власт, Касами од БЕСА беше дури и на заеднички листи со СДСМ, од другата страна противник му беше и Теута Арифи од ДУИ. Граѓаните знаат дали имало можеби ароганција или неефикасно раководство и тоа влијаело на резултатот на овие избори. За жал кај нас овој резултат се поврза со централната приказна и ја однесе СДСМ во внатрепартиски избори. Затоа поука од тука може да се извлече и новото раководство ќе има простор добро да настапи на локалните избори и да не нема субјективен избор на кандидати за градоначалници и истите да бидат и повклучени, коментира Муслиу.
Б.М.