289
Нема да коментирам имиња, ниту пак ќе се мешам во внатрепартиски постапки за избор на претседател, вели градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања за изборот на лидер на СДСМ.
-Ќе повторам без разлика на студениот однос на мојот политички субјект и на раководството коешто во моментов менаџира со него, на Социјалдемократскиот сојуз му се потребни суштински реформи и најмалку што му е потребно во овој момент е да избира лидери кои се во сенка на поединци, рече Димитриевски.