Бикот е верен „до коска“, Јарецот е амбициозен, Водолијата објективна: 7 најдобри работи кај секој хороскопски знак!

од Vladimir Zorba
680 прегледи

Дознајте што го прави секој знак посебен и зошто сите го сакаат?

Овен

* Овој хороскопски знак го прави животот возбудлив!
* Секој момент им е важен, а тој став го пренесуваат и на другите.
* Ако ви треба партнер за луди авантури – Овенот е идеален.
* Може да се карате со Овенот, но за пет минути ќе заборават се.
* Ќе скока од радост кога ќе направите нешто убаво за него/неа.
* Ако некој ве изнервира, Овенот прв ќе ве разбере.
* Овните брзо и силно се заљубуваат, па нивните партнери имаат незаборавно искуство.

Бик

* Биковите се многу големи „мази“, иако не изгледаат така на „прва топка“.
* Тие се многу лојални, па како такви се одлични пријатели.
* Биковите се искрени – не знаат да се преправаат.
* Ако се чувствувате виновни што изедовте уште еден ред чоколадо, Бикот ќе ве потсети дека го заслужувате тоа.
* Секогаш сте добредојдени во домот Бик.
* Ви помага да ги реализирате вашите идеи давајќи ви практични совети.
* Како што тие самите сакаат да уживаат во најдобрите работи, така и вие ќе уживате со Бикот.

Близнаци

* Доколку сакате нешто да разговарате и анализирате, припадниците на овој знак се идеални за тоа.
* Сакаат нови луѓе и ситуации, па со нив ќе ги отворите хоризонтите.
* Ако не ви се допаѓа една од нивните „страни“, не грижете се – утре ќе биде поинаку.
* Паметни и начитани, Близнаците се одличен партнер во игрите со знаење.
* Поради нивната отвореност, нема да морате да работите напорно за да ги запознаете.
* Ги охрабруваат другите и ги повикуваат да преземат акција.
* Ако немате со кого да излезете, Близнаците се идеалното друштво.

Рак

* Ракот зрачи со нежност и интерес кај другите луѓе.
* Секогаш ќе се труди да им угодува на другите.
* Има неверојатен инстинкт и веднаш знае дали е лут или тажен.
* Ако Ракот ве праша „како сте“, тој е еден од ретките што сака да го слушне одговорот на тоа прашање.
* Неговата извртена смисла за хумор е вистинско освежување.
* Ракот има голема внатрешна сила и лесно ќе се чувствувате безбедно со него.
* Отворено ќе покаже колку ве сака и колку му значите.

Лав

* Лавот внесува доза на адреналин и забава во секој дел од животот.
* Го сака животот и луѓето, а неговиот ентузијазам е заразен.
* Тој е вистински романтичар и ќе ве научи да ги цените малите знаци на внимание и сета убавина што е поврзана со љубовта.
* Фи штити луѓето што ги сака.
* Шармот на Лавот му помага да излезе од речиси секоја непријатна ситуација.
* Ако Лавот се заљуби во вас, ќе се чувствувате како најубавото и најпосакуваното суштество на светот.
* Карактерот на Лавот е симпатично чуден.

Девица

* Припадниците на овој знак се длабоки, чувствителни и внимателни луѓе.
* Ако ви треба помош, Девицата прва ќе се појави на вашата врата.
* Ќе ви го поправат плакарот, гаражата или кујната – и ќе им биде забавно.
* Никогаш нема да треба да ја чекате Девицата, таа секогаш ќе пристигне пет минути порано.
* Организацијата на припадниците на овој знак делува како седатив.
* Дали имате дилема и не знаете што да правите? Јавете се на Девица.
* Тие секогаш имаат план, а тоа е нешто што ги прави интересни.

Вага

* Припадниците на овој знак имаат добри „вибрации“ и внесуваат позитивна енергија во околината.
* Вагите се најсреќни ако сите останати се среќни.
* Речиси е невозможно да не ги сакате Вагите, тие имаат вроден детски шарм.
* Може како посредник да скокне во секоја кавга, имаат талент да решаваат конфликти.
* Ја цени убавината и стилот и ги внесува во туѓите животи.
* Редовно ќе ве потсетува на вашите добри страни.
* Вагите се професионалци во релаксација и со задоволство ќе ве поканат да им правите друштво.

Шкорпија

* Шкорпијата е една од најлојалните личности кои ќе имате можност да ги запознаете.
* Тие се најдобриот избор кога треба некому да ги доверите своите проблеми.
* Забавно е да смислувате „зезанции“ со нив.
* Забележуваат се – од нови фризури до облека и секогаш даваат комплимент.
* Ја цени секоја убава работа што ја правите за него/неа.
* Секогаш можете да зборувате за секс со Шкорпијата, без да ви биде непријатно.
* Припадниците на овој знак имаат силна енергија и можат да го променат светот.

Стрелец

* Животот со нив е авантура сама по себе.
* Дарежливи се и секогаш подготвени да дадат без да очекуваат ништо за возврат.
* Тие се весели, друштвени и на сите им се допаѓаат.
* Секогаш имаат став и не се плашат да се борат за своите верувања.
* Стрелецот е добро рамо за плачење.
* Со припадниците на овој знак секогаш ќе знаете што правите и што мислат за вас.
* Со задоволство ги споделуваат своите искуства и знаења со другите.

Јарец

* Јарците се предодредени за успех во животот и им го носат на блиските.
* Тие се еден од најдобрите и највнимателните хороскопски знаци.
* Силни се и ќе ги поттикнат луѓето околу нив да бидат такви.
* Ако имате Јарци за пријатели, бидете сигурни дека тие ќе направат се за вас.
* Амбициозните се, ориентирани кон целта и ги поттикнуваат другите да бидат такви.
* Тие се секогаш тука за да ви кажат како навистина стојат работите.
* Нивната љубов најчесто се поврзува со бројни подароци – од готвење вечера до материјални добра.

Водолија

* Нивната оригиналност и генијалност се познати.
* Тие се многу објективни и како такви одлични за давање разумни совети на другите.
* Благодарение на нивниот изопачен интелект, тие можат да најдат заеднички јазик со сите.
* Прекрасно е да се биде дел од нивните друштва бидејќи тие се главните иницијатори на забавата.
* Тие не ги следат другите, туку го следат својот пат и ќе ве мотивираат да го правите истото.
* Тие се големи борци за правда.
* Ако се грижат за вас – ќе направат се за да ве направат среќни.

Риба

* Делуваат достоинствено и енергично, како да доаѓаат од друг свет.
* Планирањето со нив е многу едноставно и не создава непотребни проблеми.
* Имаат одлична интуиција и им даваат одлични совети на соседите – без разлика дали се работи за финансии или љубов.
* Тие не се површни и не ги гледаат луѓето така.
* Имаат разбирање за сите околу нив и можете да им верувате во своите емоции.
* Нивната смирувачка енергија лесно преминува кај луѓето околу нив.
* Нивната спонтаност е легендарна и на тој начин ги инспирира другите.

Слични содржини