Семејството Кардашијан-Џенер се подготвува за претстојните новогодишни и божиќни празници, а Клои Кардашијан на својот блог навела листа на желби со подароци што треба да се подарат под нивната елка. Списокот е полн со бизарни подароци, а меѓу нив е и канта за компост во вредност од 500 долари.
Списокот го составиле сите членови на семејството, а Клои изјавила дека сака да стекне еколошки навики, и дека сака да добие канта за компост, за која зборува веќе некое време.
Клои изјави дека на една од сестрите ќе ѝ подари перница за сауна, со оглед на тоа дека е позната како некој што сака сауни.
Нејзината сестра Ким вели дека сака да добие јаже за скокање со ЛЕД светло и на тој начин би сакала да ја поттикне желбата за вежбање во семејството. Кендал Џенер за Божиќ под елката сака ќебе вредно 189 долари од особено „тежок“ материјал, бидејќи тоа ја смирува кога е анксиозна. Кајли, пак, сака специјален уред за намалување на брчките во вредност од 250 долари.
Како и нејзината ќерка Клои, Крис Џенер е еколошки настроена, а нагласила дека би сакала во својот дом да си набави сад за одгледување билки, чија вредност е околу 500 долари.
Останатите членови не дадоа посебна изјава, но нема сомнеж дека под елката во нивната куќа ќе има забавни подароци. Многумина веќе шепотат дека Кортни сака секси подарок со кој подоцна би можела да се забавува со својот вереник Тревис Баркер.
Семејството Кардашијан-Џенер е познато по раскошните подароци, а никогаш не се штеделе кога станува збор за Божиќ или родендените на членовите на нивното семејство.
Фото: E! Entertainment / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia