Нова сезона на Keeping Up with the Kardashians

Глобалниот хит, Keeping Up with the Kardashians, се враќа со најновата сезона, 18 по ред, на 5 април, а ќе биде емитувана во недела на Е! каналот.

Кардашијан-Џенер семејството се враќа и во најновата сезона неговите членови ќе мора да се соочат со некои од најголемите предизвици до сега. Обидувајќи се да заздрават од скршените срца, семејството има проблеми со довербата и меѓусебните конфликти кои им се закануваат да ги разделат. Ким, Клои и Кортни се соочуваат со важни одлуки и како родители и како поединци, додека минуваат низ непознати води. Сепак, сестринското ривалство не е никаква закана за силната поврзанот која ја има семејството.

На почетокот на 18 сезона, Ким станува премногу пријателски настроена кон поранешниот на Клои, па така таа ќе мора да постави некакви граници. Кајли се подготвува да ја претстави соработката на својата козметичка линија со брендот Балман, на модната недела во Париз, а Крис е загрижена бидејќи Кајли е премногу болна за да патува.

Тензиите растат кога Ким и Клои се соочуваат со Кортни и нејзиното однесување, што донесува до расправии. По расправијата, Ким и Кортни одат во Ерменија каде ги крштеваат своите деца.

Слични содржини