Пендаровски ја прими третата доза вакцина

од Берта Китинска
442 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими третата доза вакцина против ковид 19.

-Масовната вакцинација е најсигурниот и најбезбеден начин за справување со Ковид19. Денеска, заедно со вработените во Кабинетот на претседателот ја примивме третата доза вакцина. Да бидеме одговорни, да го заштитиме своето и здравјето на другите, информираше преку својот Фејсбук профил, Пендаровски.