Заев заминува од лидерската функција, позицијата на Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ „зацементирана“

од Берта Китинска
254 прегледи

Утре 12 декември, партиските членови и претставници на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ќе бираат лидери на сопствените партии.

Фросина Ременски, Димитар Ковачевски и Јован Деспотовски,се во трката за  лидерската позциција на СДСМ. Додека пак претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  објасни дека ќе понуди кадровски промени во партијата на 17 конгрес на партијата.

Според политичкиот аналитичар МаркоТрошановски новиот лидер на СДСМ треба да биде спремен за добро владеење и да не дозволува дуалност при водењето на владата.

-Последните статутарни измени ако не друго гарантираат дека новиот лидер ќе биде најдемократски избран од сите партиски членови, а не од делегати и тоа е за поздравување. Кој и да биде, мора да е бескомпромисен во заложбите за квалитетни кадровски решенија, да е спремен и да изгори во борба против корупцијата и добро владеење,да не дозволува дуалност во водење на владата, а и да се посвети на ослободување на судството од партиски влијанија. Продолжување на досегашните пракси, неминовно ќе го продолжи надолниот тренд на партијата и ќе ја остави долго во опозиција, објаснува тој.

Во врска со позициајта на Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ и иницијативите кои беа покренати за негова смена, Трошановски вели дека партијата е правно устроена да не дозволува лесна смена на лидерот.

-Во ВМРО традиционално секоја промена на лидерот носи внатрешни превирања и фракции, но на Мицковски му успеа да ја консолидира својата позиција и да ги врати неистомислениците во неговата политичка орбита. Партијата е правно устроена да не дозволува лесна смена на лидерот, а со малку сенс за инклузивност и обединување, а по последниот успех на локалните избори тој ги обезгласи и тие неколку противници што преостанаа, смета политичкиот аналитичар.

Бесим Небиу  во изјава за „Локално“ вели дека Ковачевски  е непознаница за пошироката јавност  и поради  оваа ситуација „неизвесно е во кој правец ќе чекори СДСМ“.

-Иако ќе има формални избори и гласање, се чини дека е јасно дека партискиот естаблишмент го има назначено г-н Ковачевски за наследник на г-н Заев на кормилото на СДСМ. Тој е непознаница за пошироката јавност, бидејќи не бил многу ескпониран во јавноста. Затоа е неизвесно во кој правец ќе чекори СДСМ во следниот период, вели тој.

Според него позицијата на Мицкоски на чело  на ВМРО-ДПМНЕ  е зацементирана, по победата на локалните избори.

-ВМРО ДПМНЕ е во комотна положба, се чини дека направи „грешка во чекори“ со прераната иницијатива за НПМ – требаше да почека подолго да се консолидира впечатокот на јавноста за нејзината голема победа на локалните избори. Но тоај донекаде се дезавуирање и избледни заклучокот за тоа дека ДПМНЕ е во пораст, и најверојатно ќе биде победник на следните избори, кога и да се случат тие. Заев, вешто капитализираше оваа грешка на опозицијата. Од друга страна, позицијата на Мицкоски на чело е зацементирана, по оваа победа, и се чини дека тој ќе има многу повеќе време и мир во подготовка на партијата и окрупнување на коалициониот капаците на ВМРО за да може да атакува на централната власт, смета политичкиот аналитичар.

Слични содржини