Недела неработен ден и поголема минимална плата се социјалдемократски политики
Надлежната Собраниска комисија го усвои Предлог Законот за работни односи и даде зелено светло од први јануари да почне примената на законското решение недела да биде неработен ден.Во интерес на работниците очекуваме Законот биде усвоен и на пленарна седница, вели на денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Таа напоменува дека СДСМ стои зад работниците и тежнее да се овозможат позадоволни и попродуктивни работници и работнички на пазарот на труд.
-Недела неработен ден и поголема минимална плата се социјалдемократски политики и затоа СДСМ со партнерите од Владата поднесе и силно ги поддржува измените на законите во интерес на работниците.Право на Синдикатот е на свој начин да се бори за остварување на овие права и ние како партнер на синдикатите тоа го поддржуваме.
Граѓаните знаат дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица ги блокираа измените во Законот за работните односи, со што покажаа дека воопшто не им е грижа за работниците.
Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ силно е против зголемување на минималната плата.Сега, со вклучувањето на Алтернатива се создадоа нови можности, зголеменото и стабилно парламентарно мнозинство да ги порази блокадите и опструкциите на опозицијата, да се обезбеди повисока минимална плата а недела да биде неработен ден!, кажа Кузеска.сдсм