Денеска се одржуваат вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ.
Во своите партиски општински штабови, денеска гласаа и тројцата кандидати кои се во трка за позицијата на лидерот на партијата Зоран Заев.
Членовите на СДСМ денеска можата да гласаат за Фросина Ременски, Димитар Ковачевски и Јован Деспотовски.
Од тројцата кандидати Ковачевски важи за фаворит на Заев .Тој го придружуваше на разговорите со Алтернатива за проширување на парламентарното мнозинство и јавно доби поддршка од неколку челнови од високите позиции на партијата.Ковачевски е актуелен заменик-министер за финансии, а во неговата биографија стои дека магистрирал на економски науки на УКИМ, а докторирал на Универзитетот во Подгорица. Вонреден професор е на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје.
Фросина Ременски, најавува дека ќе оформи работно тело во кое ќе учествуваат сите поранешни координатори на пратеничките групи на СДСМ,. Ременски е доктор на социолошки науки, професорка на Факултет за безбедност, поранешен потпретседател на Собранието, министерка за труд и социјална политика во една од прижинските влади, долгогодишен член на СДСМ и нејзин поренешен потпретседател.
Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати , инаку директор на Дирекцијата за развој на технолошки зони, кој вели дека сака да верувам дека трката за лидер на СДСМ почнува од 0:0, и дека право е на лидерот Заев да каже што мисли.Тој најавува целосно нов пристап во одговорноста. Наместо кон лидерот, воведување на систем на одговорност на функционерите кон членството, кон граѓаните.
Сите членови на партијата кои поседуваат електронска членска картичка ќе можат да го искористат своето право на глас на 194 избирачки места ширум земјата кои ќе бидат отворени од 8 до 19 часот.
Изборите ги спроведува Централна изборна комисија, oпштински изборни комисии и oдбори во сите општински ораганизации.
Гласањето е тајно, со заокружување на редниот број на еден од тројцата кандидати за претседатал на СДСМ кои се наоѓаат на гласачкото ливче, согласно жрепка за утврден редослед.
Во историјатот на СДСМ претседател со најдолг стаж беше Бранко Црвенковски, а во пократок период со партијата раководеа и Владо Бучковски и Радмила Шеќеринска. Зоран Заев за претседател на СДСМ беше избран во јуни 2013 година, а реизбран во мај 2017 година. Третиот претседателски мандат во СДСМ го почна во март годинава, откако беше избран на првите непосредни внатрепартиски избори, на кои, тој беше единствен кандидат.