363
Гласачите од Нова Каледонија на референдум гласаа за останување на француската територија.
Врз основа на три четвртини од преброените гласови, 91 отсто избрале да останат дел од Франција, соопштија локалните власти.
Вкупната излезност е околу 41 процент, што е помалку од половина од оние кои излегоа на референдумот минатата година.
Тогаш 46,7 отсто од гласачите беа за разделба со Франција.
Претседателот Емануел Макрон се очекува вечерва да и се обрати на нацијата по повод референдумот, бидејќи, според американската новинска агенција, Нова Каледонија е важна за геополитичките амбиции на Франција во Индо-Пацификот.
Гласањето беше набљудувано од членовите на ОН и регионалните власти.