Макрон пристигна во Нова Каледонија, 3.000 француски полицајци ќе останат на островот

од Milan1

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Нова Каледонија, француска прекуморска територија погодена од насилни протести, каде што најави дека 3.000 француски полицајци ќе останат на островот се додека е потребно.

„Во следните часови и денови ќе бидат планирани големи нови операции каде што е потребно“, рече Макрон на состанокот со политичките и деловните лидери на островот, нагласувајќи дека редот ќе биде целосно воспоставен бидејќи „нема друг избор“.

Тој додаде дека 3.000 француски полицајци ќе останат на тој остров, доколку е потребно, дури и за време на Олимписките игри во Париз.

Слични содржини