Калеска – Ванчева: СДСМ го поддржува Синдикатот, недела станува неработен ден, минималната плата ќе расте

од Берта Китинска
248 прегледи

Денеска во Собранието на Република Северна Македонија, пратеничката група на СДСМ и коалицијата оствари средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија.

-СДСМ е прогресивна левичарска партија и во својата идеологија, во својата платформа основата е заштита на социјалните права и работнички права. Од таму сите барања коишто се испорачуваат од страна на работниците особено организирани преку репрезентативниот синдикат Сојузот на синдкати на Македонија се и те како легитимни. Дека е доказ оваа платформа, оваа идеологија којашто СДСМ и коалицијата во дело ја спроведува се и последните измени на Законот за работните односи или популарно наречен недела неработен ден, кажа Снежана Калеска – Ванчева, пратеничка на СДСМ.

Таа вели дека покрај сите опструкции од ВМРО-ДПМНЕ, успеале со новото парламентарно мнозинство во петокот во второто читање да ги поминат измените за Законот за работни односи и да се овозможи од први јануари недела да биде неработен ден.

-Всушност, ова беше едно од клучните барања и веќе им соопштивме на средбата на претставниците на Синдикатот дека тие барања можат да сметаат дека се веќе исполнети. Она што се однесува до второто барање околу минималната плата и зголемувањето на минималната плата повторно ќе кажам дека и тука парламентарното мнозинство апсолутно ги разбира барањата и ги поддржува.Дека е ова така говорат и политиките коишто оваа Влада и ова парламентарно мнозинство ги има и ги споведува последните четири години бидејќи минималната плата којашто долго време беше на ниво од 9.000 денари денеска е веќе над 15.000 денари. Нивното барање секако дека ќе биде разгледано, нивните предлози да тоа биде регуларано како процентуален износ од 60 проценти од просечната плата значи да го следи растот на просечната плата, ќе биде сериозно разгледано имајки ја во предвид определбата, платформата, но и програата на Владата за минималната плата до крајот на овој мандат да биде 20.000 денари, вели Калеска – Ванчева.