Над 44.000 членови на СДСМ на директни внатрепартиски избори со тајно гласање го избраа новиот претседател на партијата.Тоа е највисок степен на демократија, највисок демократски стандард на македонската политичка сцена, велат од СДСМ.
-Истовремено ВМРО-ДПМНЕ на конгрес каде се однапред се знаеше, со само еден кандидат одлучи да остане истата нереформирана партија.Огромна е разликата помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ се менува, се трансформира, а ВМРО-ДПМНЕ останува иста и нереформирана, соопштија од партијата.