Во текот на зимата кога повеќе време поминуваме дома сместени под ќебиња и значително ја намалуваме физичката активност во однос на летниот период, потребно е да се најде вистинската рамнотежа во исхраната.
Во зима понудата на зеленчук и овошје е нешто поскромна, но тоа не значи дека со она што ни е достапно не можеме да го зајакнеме имунитетот и да го подобриме здравјето.
-Кога доаѓа зимата и времето е постудено, луѓето најчесто се здебелуваат, метаболизмот им се успорува, а потоа доаѓа до потешко варење и вишок килограми – велат нутриционисти.
Според нив, во текот на зимата не смееме да дозволиме да падне имунитетот, бидејќи тогаш сме подложни на настинки, а тоа можеме да го направиме само со помош на здрава храна.
1. Агруми
– Во зима, како и во време на вируси и настинки, важно е да се збогати исхраната со витамини, а особено со витамин Ц – велат нутриционистите и нагласуваат колку е важно да се јаде цитрусно овошје:
Мандарините, лимоните, портокалите и грејпфрутите се овошја кои лесно можеме да ги најдеме во продавниците во текот на сите зимски месеци. Агрумите се богати и со флавоноиди, а доминантен е оној наречен хесперидин, за кој е познато дека го зголемува добриот и го намалува лошиот холестерол и триглицеридите.
2. Зелен зеленчук
Зелка, блитва, брокула, целер, спанаќ…, се од зелен зеленчук е повеќе од добро за јадење во текот на зимата. Познато е дека зелениот зеленчук е силен антиоксиданс и благотворно делува на нашите крвни садови. Зелениот зеленчук помага и за детоксикација на телото – со прекумерно внесување на масти, шеќери и тешка храна, особено по празниците – објаснуваат експертите.
Како што велат тие, хлорофилот има способност да се врзува за штетните материи од околината и да ја забави нивната апсорпција преку кожата во организмот. Исто така, помага да се елиминираат овие супстанции брзо и ефикасно од телото.
3. Јаткасти плодови
Нутриционисти истакнуваат дека јаткастите плодови се многу важни и неопходни за здравјето на организмот, но дека треба да се консумираат умерено.
Во зависност од конкретното овошје, ќе добиете различни нутритивни придобивки, затоа задолжително внесете ги во вашата исхрана речиси секојдневно во мали количини. Полни се со протеини, влакна, есенцијални масти и витамини. Како вистински мали нутриционистички „бомби“ се одличен избор за грицки или слатки.