Зголемен број на полицајци е забележан на Косово, пренесе „Газета експрес“ и додава дека акцијата била преземена од полицијата по предупредувањето за палење на македонското знаме.
Зголемувањето на силите на косовската полиција во овој дел од главниот град, се дознава, е поврзано со денешната посета на македонскиот претседател Стево Пендаровски на Косово, тврди српски „Телеграф“.
Според истите извори, на полициските службеници им било наредено никако да не дозволат ваква акција.