Бугарскиот заменик-спикер: Позицијата на Бугарија кон Македонија останува непроменета

од Nikola Popovski
306 прегледи

Повторно сакам да нагласам дека ставот на Бугарија не е променет во однос на Република Северна Македонија, изјави потпретседателот на партијата БСП и потпретседател на Собранието, Кристијан Вигенин, објави БГНЕС.

-Ваквиот став вчера и официјално го потврдија од МНР со учеството на Советот за општи работи. Тоа е дел од коалицискиот договор. Таму пишува и дека во Бугарија ќе има широк консензус за ова прашање, коментира Вигенин.

Според заменикот-спикерот, начинот на кој во бугарските медиуми е цитирано интервјуто на Кирил Петков за Фајненшл тајмс не е како што е во оригиналниот текст.

-Позицијата на Бугарија останува обединета. Тоа е потврдено со одлука на Народното собрание. Во нашиот договор стои дека оваа позиција останува, но ќе се надградува со идеи за нови заеднички комисии, за соработка во одредени области. Ова е можеби новото нешто што господинот Петков го имал на ум во својот став, коментира Вигенин.

-Ова е добра иницијатива да се бара поширока соработка, но додека Република Северна Македонија не ги исполни своите обврски и барања од бугарската страна, не може да има нов став за овие прашања и засега Бугарија не може да се согласи за почеток на преговори, вели заменик-спикерот.

Слични содржини