Омикрон се шири на Балканот, во Македонија засега не е забележан

од Берта Китинска
156 прегледи

Новиот сој на коронавирусот забрзано се шири низ светот.Пред извесно време тој беше регистриран во Хрватска, Словенија,Грција и Црна Гора.

Во Македонија сè уште не е забележан случај со новиот сој, а состојбата со коронавирусот според надлежните засега е стабилна.Во претходното деноноќие во земјава беа регистрирани нови 326 случаи на Ковид-19, а починаа осум лица.Најмногу активни има во Скопје (5498) , потоа следи Битола (447) и Прилеп со (363), а без ниту еден активен случај е само Дебар.

Заклучно со 14 декември во Северна Македонија вакцинирани се 838.987 граѓани, ревакцинирани се 810.990, а трета доза примиле 86.266 граѓани. Вкупно аплицирани се 1.736.243 дози вакцини.

– Опфатот со вакцинација со две дози на полнолетната популација е 48 проценти, а 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани. Податоците покажуваат дека 22 проценти од вакцинираните граѓани постари од 60 години примиле трета доза вакцина, а опфатот со една доза вакцина на полнолетната популација е 50 проценти, информира Министерството за здравство.

Досега во земјава се направени вкупно 1.509.665 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 220.169, оздравени се 206.903, а починаа 7768.

Слични содржини