Град Скопје: БРТ е стопиран бидејќи ќе минува над главната водоводна цевка

од Nikola Popovski
401 прегледи

Постапката е стопирана и поради тоа не се пристигнати понуди. БРТ е проект кој според анализите изготвени минатата година за потребите на Град Скопје укажува на бројни недостатоци и ризици врз животната средина, што Градот во никој случај не смее да ги дозволи, велат од Град Скопје за прекининувањето на проектот Бас рапид транзит (БРТ), кој се спроведуваше со поддршка од Европската банка за обнова и развој.

Според градските власти, самата траса на БРТ на булеварот „Партизански одреди“ минува над главната водоводна цевка за снабдување со вода на Скопје, што само по себе претставува ризик кој може да донесе големи проблеми за самиот град.

-Ако се реализира БРТ, градот ќе остане и без голем број дрвја и зеленило, што ќе влијае на животната средина, соопштуваат од Град Скопје.

Од СДСМ денеска обвинија дека градоначалничката Арсовска, уште во првите месеци од мандатот покажува неодговорен и нечесен однос кон граѓаните на Скопје.

-Три години се работеше овој револуционерен проект кој има за цел да внесе нов систем на ефикасен и еколошки јавен превоз во главниот град. Многу важен за скопјани.Со средства од ЕБОР и со средства од градскиот буџет, направени се истражувањата и изработка на студијата на која учествуваа сообраќајни експерти од земјава и странство, како и проект за првата траса.Беше потпишан и договор со ЕБОР за наменски кредит од 70 милиони евра за изградба на двете траси на БРТ-системот.Сега, заради лични хирови, Арсовска го укинува овој проект којшто веќе е во процес на реализација и од висок интерес на скопјани, соопштија од СДСМ обвинувајќи дека Арсовска работи по инструкции од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини