Смешно е да се каже дека имало дипломатска војна, во која што Бугарија победила, смета поранешниот амбасадор и професор, Нано Ружин во изјава за емисијата „24 анализа“.
Тој потенцира дека не сме на исто ниво со Бугарија во моментов.
-Тие се членка на ЕУ, настапуваат од позиција на сила и Радев има проблеми со својата позадина, како поранешен млад човек за време на комунизмот. Веројатно ги трпел тие фрустрации наспроти Македонија и Југославија, каде се живеело многу подемократски и сега еве „дојдоа моите 5 минути“, па тој и наводно историјата се реваншираат, вели Ружин.
За Ружин, бугарскиот премиер Кирил Петков е позначајна личност од извршната власт и тој тоа што го вели и прави е реално да се оценува.
-Тоа што не ни се допаѓа се тие 6 месеци кој никој не ги прифаќа. Всушнот се зборува за шест месеци, а не за три поради француското претседателство со ЕУ. Макрон не сака да си го закомпликува животот, на тој начин што ќе застане во отворена одбрана на проширувањето на ЕУ на Балканот. Противкандидатите на изборите му дишат во врат, рече Ружин.