310
Ние побаравме од новиот состав законот за региналниот развој да биде ревидиран и да бидат прифатени нашите забелешки и тоа беше прифатено, вели лидерот на ЛДП, Горан Милевски во Топ Тема.
-Се разбира дека некој кога ќе земе повеќе од она што вреди на политичката сцена и кога ќе добие повеќе од цената се разбира дека ќе се реагира и тука беше нашата забелешка.Генерално како влада се најдовме во позиција да мораме да прифатиме она што го бара Алтернатива макар што барале повеќе од тоа што го добиле. Ние го изгубивме мнозинството и со овој разнешен рејтинг не беше мудра одлука да се оди на предвремени избори кои и да дојдеше на власт не знам што би се променило со ЕУ патот, кажа Милевски.