Анчелоти: Барселона има квалитет да напредува под Чави

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Секојдневно зголемување на бројот на фудбалери заразени со коронавирус. Одложени се голем број натпревари во англиската Премиер лига и пониските рангови на островскиот клупски фудбал, а ништо подобро не мина Реал Мадрид, каде исто така има тежок товар поради чумата која се уште не ни дава мир.

Реал има проблеми во фудбалскиот и кошаркарскиот дел, но Карло Анчелоти во најавата за мечот со Кадиз потврди дека ситуацијата се подобрува.

– Мораме да живееме со актуелните случувања. Во ниту еден момент не размислувавме за одложување на натпреварите. За жал, мораме да го прифатиме животот со овој вирус, кој сега е послаб од порано. Мора да бидеме внимателни и претпазливи. Овој клуб бара од вас да се грижите и да ги контролирате настаните, изјави Анчелоти.

Реал поради болест остана без Марко Асенсио, Герет Бејл, Марсело и Родриго. Добра вест е негативниот тест на Лука Модриќ, но нема да игра против Кадиз.

– Модриќ е негативен, но не продолжува да тренира. Малку е уморен затоа што имаше треска. Тој нема да игра. Ќе видиме во наредните денови каква е ситуацијата со него, па ќе имаме јасна слика кога ќе биде на теренот, изјави Италијанецот.

Поради сите отсуства, заборавениот Еден Азар за прв пат по три месеци се враќа во стартниот состав.

– Тој ќе игра од стартот. Ќе игра не само што треба, туку затоа што тренираше добро и заслужи да игра. Ништо не се сменило за него, тој е желен за игра. Неговиот проблем е што не е секогаш 100 отсто подготвен, но сега е. Беше добар на тренинзите, покажа желба. Не е навикнат да игра на позицијата десно крило, поради што ги претпочитав Марко Асенсио и Родриго. Тој има потенцијал да биде од голема корист за тимот во вториот дел од сезоната – потенцира Анчелоти.

Запрашан дали ја гледа Барселона како директен ривал оваа сезона, тренерот на Реал одговори: „Не сега, бидејќи на табелата имаме други екипи кои ни се многу поблиску. Барселона има квалитет да напредува понатаму, особено под тренерот Чави“.

А потоа се врати во натпреварот против Кадиз.

– И покрај отсуствата, не мора да го менуваме идентитетот. Кадиз можеби го нема квалитетот на другите, но е добро подготвен и координиран тим, кој се заканува од контранапади и прекини. Ако добро се браниме, ќе успееме да ја завршиме работата. Напредувавме и работевме многу смета тој.

Скандалот во ждрепката во Лигата на шампионите крена голема прашина, бидејќи повтореното извлекување сега ги вкрстува Реал Мадрид и ПСЖ.

– Немавме среќа, но размислуваме само за тоа колку ќе биде возбудлив дуелот – заврши Анчелоти.

Слични содржини