Омикрон може да даде симптоми слични на настинка, вклучувајќи главоболка и течење на носот.
Симптомите на новиот сој на омикрон може да бидат погрешни и можеби не ни сфаќате дека сте заразени, па ќе претставувате опасност за околината, предупредуваат експертите. Епидемиологот професор Тим Спектор рече дека повеќето луѓе кои се заразени со сојот омикрон прво ќе помислат дека штотуку настинале.
„Според луѓето на кои им бил дијагностициран нов вид со PCR, повеќето имаат симптоми слични на обичната настинка или грип, без стандардните симптоми на претходните видови како треска, губење на вкус или мирис или постојана кашлица.Симптомите се како настинка, а повеќето од нив пријавиле главоболки, болки во грлото, течење на носот, замор и кивање“, рече тој.
Професорката по епидемиологија Ајрине Петерсон се согласи дека течење на носот и главоболката ќе бидат симптоми кои најлесно ќе ги збуни потенцијалното заразено лице.