СДСМ: Не се точни информациите за долгот, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ секојдневно бараат алиби за нивната неспобност

од Vladimir Zorba
269 прегледи

„Тотална неспособност покажува Данела Арсовска во првите два месеци од мандатот. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наместо да се фатат за работа секојдневно бараат алиби за нивната неспобност“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Прекинат проект за Бас рапид транзит, прекината изградба на два моста, поништен оглас за вработување на пожарникари, Скопје во сообраќаен хаос, тоа е „успесите“ на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ во првите два месеца.

Дури и градоначалници од нејзината коалиција се жалат на неспособноста на Арсовска. ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покрие неспособноста на Арсовска со лажни податоци. Не се точни пласираните информации за долгот, тоа е уште една лага“, додаваат од Бихаќка.