Пендаровски: Блаже Конески останува современ за сите времиња

од Берта Китинска
219 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски вечерва се обрати на свеченото одбележување на јубилеите „75 години Филолошки факултет” и „100 години од раѓањето на Блаже Конески” што се одржа во Македонскиот народен театар во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” од Скопје.

„На крајот сме од годината во која одбележуваме 100 години од раѓањето на Блаже Конески, еден од носечките столбови на современите образовни, научни, културни и уметнички политики кај нас. Македонскиот народ е привилегиран да има како дел од своето културно, уметничко и научно наследство, вертикала каква што е Конески. Блаже Конески останува современ за сите времиња. И затоа немам сомнеж дека Филолошкиот факултет кој го носи неговото име, ќе остане современ и траен за сите времиња“, вели Пендаровски.