Васев: Градоначалничката на Скопје само разрешува директори и поништува проекти

од Берта Китинска
222 прегледи

За жал и на штета на скопјани, Данела Арсовска од само за неа познати причини, решава да ја запре изградбата на мостот „Михајло Апостолски“, капитален проект кој го намалува сообраќајниот метеж во Скопје, во Аеродром и Гази Баба, истакна во денешната изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ.

Toj нагласува дека таа одлука е несериозна и неодговорна и пред се нечесна кон граѓаните на Скопје.

-Нема никакво оправдување за неспособноста на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.Тие ја добија одговорноста од граѓаните да ги решаваат проблемите, а гледаме дека освен поништување и стопирање на капитални и важни проекти за друго не ги бива.Да се биде градоначалник на Скопје значи дека треба да се работи за граѓаните и градот, а не само да се разрешуваат директори и да се поништуваат проекти.

Ако Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не знаат и не можат да работат за Скопје и граѓаните, нека отстапат.Скопје и скопјани не заслужуваат градоначалничка која наместо да вложува во развој на градот, таа прави се за да го спречи напредокот, вели Васев.