СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го обезвредни и раскрчми имотот на „Славија“

од Nikola Popovski
328 прегледи

Вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ го обезвредни и раскрчми имотот на АД Славија. Од 2012 до 2017 година токму ВМРО ДПМНЕ со тајни зделки и зад затворени врати распродала над 70% од имотот на АД Славија, со што уште повеќе ја намалила вредноста на компанијата. Според проценката направена во 2012 година компанијата имала долг од 17 милиони евра, што значи дека уште тогаш нејзината вредност била најмногу три милиони евра, обвинуваат од СДСМ, како реакција на денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Според владеачката партија, со тајна продажба, зад затворени врати е оштетена компанијата и државата, бидејќи по неповлни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и најатрактивни локали, некогашни маркети на Славија, во Скопје и низ целата држава, кои денеска се сопственост на приватни компании.

-Наместо да шири дезинформации ВМРО-ДПМНЕ треба да се пријави за купување на АД Славија и да ги преземе долговите во компанијата направени токму од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение.

Арсовски денес обвини дека власта се подготвува да ја продаде АД „Славија“, односно да ја купи некој со нивни амин за багателна цена, далеку од онаа вредносната.

-Ова е грабеж на државен имот по принципот на старата школа на СДСМ како од 90-тите години кога беа приватизирани над 600 фирми во Република Македонија, а кои беа имот на државата, нагласи Арсовски.